За првпат во клупската историја: Кристал Палас е освојувач на ФА Купот (ВИДЕО)

126
фото: Crystal Palace F.C. (X)

Фудбалерите на Кристал Палас го освоија својот прв трофеј во историјата изненадувачки победувајќи го големиот фаворит Манчестер Сити во финалето на ФА Купот.

Денеска на „Вембли“, момците на Оливер Гласнер го освоија ФА Купот, победувајќи го Манчестер Сити со 1-0 во финалето.  Ова е прва титула за „орлите“ на највисоко ниво. Претходно, клубот победуваше само во пониските дивизии на Англија и загуби двапати во финалето на ФА Купот.

Манчестер Сити кој во овој трофеј гледаше спас на сезоната, остана со празни раце, подготвен за тотален ремонт за следната сезона.

Стрелец на победничкиот гол за Кристал Палас беше Езе во 16. минута. „Граѓаните“ преку Мармуш не успеаја да реализираат пенал во 36. минута, кој Хендерсон успеа да го одбрани.

ПретходноОмерагиќ ги врачи медалите: Шкендија го крена шампионскиот пехар (ВИДЕО)
СледноПаолини е првата Италијанка по 40 години која го освои Мастерсот во Рим