Играч на Барселона ќе настрадаше за време на прославата на титулата (ВИДЕО)

50

Тимот на Барселона е апсолутниот вваледел на шпанскиот фудбал сезонава. Каталонците ја освоија титулата, со новиот тренер Ханси Флик кој што е откритието на сезоната за овој клуб и кој уште долго ќе го гледаме на Ноу Камп.

Барса стигна до титулата изминатава недела и веќе два дена слави. Традиционално играчите со отворен автобус го прошетаа градот, и целиот град излезе да ги поздрави.

Во сета таа еуфорија можеше да се случи и потежок инцидент. Имено, во еден момент, Иниго Мартинез се качи на крајниот дел од автобусот и нормално падна. За огромна негова среќа мина без последици, иако падот воопшто не изгледа наивен.

ФОТО: Screenshot: As
ПретходноНејмар не се откажува, потпишува нов договор со Сантос
СледноРакометарите на Алкалоид тренираа во Олимписката сала (ФОТО)