Крушево успешно се позиционира како дестинација за планински велосипедизам со првото државно првенство

46

Викендов Крушево беше домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам – МТБ Маратон, во организација на велосипедскиот клуб Energi Cycling и Велосипедската федерација на Македонија. Настанот беше отворен за натпреварувачи и рекреативци од целиот Балкан и имаше за цел да ја промовира локалната природа, култура и историја, да ја подигне еколошката свест и да го поттикне велосипедизмот како спорт и рекреација.

Крушево навистина станува атрактивна дестинација за планински велосипедизам, благодарение на новите велосипедски патеки и подобрената туристичка инфраструктура. „Патеките беа предизвикувачки, но одлично обележани, а природата околу Крушево е неверојатна. Ми се допадна атмосферата и ќе возам пак следната година.“, изјави еден од учесниците.

МТБ Маратонот беше дел од официјалниот календар на Велосипедската федерација на Македонија и се реализираше според стандардите на УЦИ (Union Cycliste Internationale). „Ова е првпат да се одржи државно првенство во дисциплината маратон. Натпреварувачите кои се пласираа во генералниот пласман освоија УЦИ поени и се најдоа на светската ранг-листа на Светската велосипедска федерација“, истакна Љубиша Кондев од клубот Energi Cycling.

„Овој маратон уште еднаш ги потврди заложбите на Panorama All Seasons Adventure за развој на планинскиот велосипедизам во Крушево, преку повеќе од 40 километри уредени патеки со различен степен на тежина.“ – посочија од хотел Панорама како ко-организатори и партнери на настанот.

Развојот на вакви спортски и туристички содржини придонесува Крушево да биде препознатлива дестинација за авантуристички туризам во текот на целата година. Долгоорчната развојна цел е Крушево, покрај тоа што веќе е препознатливо по параглајдерство, да се позиционира и како атрактивна дестинација за планински велосипедизам. На овој начин се збогатува севкупната туристичката понуда и се отвораат нови економски можности за локалната заедница.

Настанот се реализираше со поддршка од Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, Општина Крушево, хотел Панорама, хотел Монтана – Panorama All Seasons Adventure и Пакомак. Посебен акцент беше ставен на еколошкиот аспект, при што во текот на маратонот уредно беа чистени велосипедските патеки, со цел да се обезбеди безбедна средина за сите учесници и да се подигне еколошката свест.

На настанот беа доделени признанија и награди во сите возрасни категории: 18–29, 30–39, 40–49, 50–59 и 60+ години. Учесниците можеа да изберат меѓу две рутни: мал маратон од 25 км со искачување од 650 метри и голем маратон од 75 км со искачување од 2.000 метри.

 

Top of FormБЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ

Швајцарија е искрен и сигурен партнер на Северна Македонија од 1992 година. Дипломатските односи помеѓу двете држави се воспоставени во 1994 година, а од 1996 година започнува Швајцарската програма за развој и соработка во земјата. Од

тогаш Швајцарија има инвестирано околу 370 милиони швајцарски франци, еден од најголемите билатерални донатори во земјата, да ги поддржи одржливиот економски раст, заштитата на природата и одржливо управување со природните ресурси, и доброто демократско владеење во државата. Повеќе информации може да се најдат на веб страницата https://www.eda.admin.ch/countries/north-macedonia и на официјалните страни на Facebook, LinkedIn и Twitter.

ПретходноЛусио хоспитализиран поради изгореници
СледноМа, каков Гостивар: Нани преку Комунистичката партија влегува во парламентот на Португалија!