Лапорта потврди: Ханси Флик ќе остане најмалку до јуни 2027!

24

Ханси Флик и во следните две сезони ќе ја предводи Барселона. Она што се најавуваше минатите неколку дена сега е веќе и потврдено и тоа од страна на првиот човек на каталонскиот клуб, Хоан Лапорта:

Многу сме задоволни од работата на Ханси Флик. Тој во целост успеа да ги сврти работите во наша корист и го врати натпреварувачкиот дух во тимот. Веќе разговаравме за тоа и се е договорено, тој останува најмалку до јуни 2027 година, само треба да го официјализираме договорот. Ханси во себе има строгост, бара дисциплина, направи сите да се чувствуваат важни“ рече покрај другото Лапорта.

Треба да се додаде дека Германецот уште во првата сезона успеа да дојде до три трофеи. Ја освои Ла Лига, Копа Дел Реј и Суперкупот на Шпанија а само секунди го делеа од пласман во Лигата на Шампионите на оној епски меч на “Меаца“ кај Интер.

ФОТО: ФЦ Барселона/ФБ

ПретходноМитев: Поминавме тежок пат, но дојдовме до момент кога можеме да испишеме историја!
СледноКуманово и следна година ќе има суперлигашки ракомет