МЗТ Скопје го „збриша“ Куманово и во третиот меч, „штрковите“ се во финале

56

Со максимални 3:0, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се први финалисти во домашниот кошаркарски плеј-оф. Вечерва на гостувањето во Куманово, „штрковите“ дојдоа и до трета убедлива победа над домашнит тим, овој пат со резултат  и со тоа успеаја да ја остварат и третата победа која ги носи во финалето на плеј-оф серијата.

Мечот беше одбележан со големиот инцидент кој се случи по истекот на последната секунда од првото полувреме. Имено, навивачите на домашниот тим влетаа на теренот и физички го нападнаа домашниот кошаркар Тадиќ. По реакцијата на полицијата, ситуацијата се смири, а стартот на вториот дел доцнеше поради тоа што мораше да се испразни салата.

МЗТ Скопје А. во ниту еден момент не дозволи Куманово да се понадева на успех. На полувреме гостите имаа +28 (28:53), а разликата остана практично иста и до крајот на натпреварот.

ПретходноМилев: И во Златната лига сакаме да направиме чекор повеќе
СледноРаботнички им забрани на навивачите на ТФТ да дојдат на третиот меч!