МКК Куманово – МЗТ Скопје: Шампионот има меч – топка, кумановци сакаат продолжување на полуфиналната серија!

40

Вечерва во 19 часот во салата “Перо Наков“ во Куманово, се игра третиот меч од плеј – офот во елитната кошаркаска лига на Македонија. МКК Куманово го дочекува МЗТ Скопје. Познато е дека шампионот во оваа полуфинална серија има водство од 2:0 и со евентуална победа вечерва ќе обезбеди пласман во големото финале.

Секако дека не исто да играш во “Јане Сандански“ како во првирте два меча и во Куманово како што ќе биде вечерва. Тоа тимот од Аеродром многу добро го знае, но сепак МЗТ Скопје е фаворит и вечерва и ако одигра како што знае и како што треба, тогаш уште вечерва ќе стави точка на оваа полуфинална серија.

Од друга страна тимот на Марин Докузовски иако губи со 0:2 во серијата, нема намера така лесно да се предаде. И вечерва кумановци ќе бидат ослабени со неиграњето на Тадиќ, но тие се решени да одиграат најдобро што можат и да успејат да триумфираат со што би ги израдувале своите фанови и да ја продолжат оваа серија.

Утре играат, исто така во трет меч од полуфиналето, Работнички и ТФТ во 20:30 часот. И тука гостите водат со 2:0 во победи.

ПретходноПелистер на мегдан со Охрид, шампионот мора ама баш мора да победи!
СледноПред денешното финале во ФА Купот, Пеп Гвардиола повторно имаше што да каже за распоредот!