Омерагиќ ги врачи медалите: Шкендија го крена шампионскиот пехар (ВИДЕО)

436

И покрај поразот од Силекс со 1:3 во последното коло од Првата македонска фудбалска лига, во Тетово попладнево има големо славје. Шкендија и официјално го доби шампионскиот пехар за сезоната 2024/25 и ја почна шампионската прослава.

Тетовците „црно-црвени“ по петтипат станаа шампиони на Македонија, а капитенот Бесарт Ибраими и неговите соиграчи ги добија заслужените медали и шампионскиот пехар од рацете на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ.

ПретходноПМФЛ: Брера обезбеди директен опстанок, Беса ќе игра бараж, Марко среде Тетово го “расплака“ Бесарт…
СледноЗа првпат во клупската историја: Кристал Палас е освојувач на ФА Купот (ВИДЕО)