Завршија првите полувремиња од четирите меча од последното 33.коло сезонава.
Најинтересно е во Струмица и Битола каде се решава која екипа, Брера или Беса, ќе игра бараж за опстанок.
По првите 45.минути Брера против Работнички води со 2:1, со головите на Ндзенгуе и Велков, голот за гостите и тоа прекрасен од голема далечина беше дело на Лазаревиќ.
Во Битола пак гостинската екипа на Беса со 0:2 има водство кај Пелистер и тоа со головите на Алими и Селмани.
Во натпревар без никакво резултатско значење, во Кавдарци домашниот Тиквеш и Струга ТЛ играат 2:3. Стрелци на головите за Тиквеш беа Стојанов и Миловановиќ, додека головите за гостите ги постигнаа Компаоре и Малески два.
Под Шара каде Шкендија ја прославува титулата, Силекс со двата гола на Марко Ѓорѓиевски води со 0:2.