На самиот крај на првото полувреме на мечот меѓт МКК КУманово и МЗТ Скопје во полуфиналето на плеј-офот се случи инцидент. Имено откако и официјално заврши првото полувреме во кое гостите од Скопје имаат убедлива предост од 28-53, домашните навивачи упаднаа на теренот и го нападнаа кошаркарот Тадија Тадиќ.
Инцидентот ескалира, дојде до голема мешаница по што реагираше и полицијата. По паузата се смирија страстите, но сега се чека празнење на трибините, за мечот да продолжи.