Пјастри најбрз и на квалификациите на Имола

28
фото: Formula 1 (X)

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред утрешната трка за Големата награда на Емилија Ромања, седмата трка во сезоната на Формула 1.

Австралијанецот, кој ја брка својата четврта победа по ред на Имола, ја освои третата пол-позиција оваа година. Втор на крајот заврши Макс Верстапен со болидот на Ред Бул, а најблиску до нив двајца беше возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, кој беше една десетинка зад бранителот на титулата.

Вториот дел донесе разочарувае за навивачите на Ферари, бидејќи и Шарл Леклер и Луис Хамилтон беа елиминирани во последните моменти и завршија на 11-то и 12-то место.

ПретходноЛазаров: АЕК е противник од светски калибар! Но, ние сме подготвени, нема што да се лажеме!
СледноФОТО ВЕСТ:Андреј Лазаров доби мурал во Кавадарци!