ТФТ на својата официјална страница ги извести своите фанови дека нема да можат да присуствуваат на третиот полуфинален меч против Работнички во ракмите на плеј-офот, а со тоа и можноста доколку победи заедно да слават пласман во финале.
„Поради забрана за гостински навивачи од страна на домаќинот КК Работнички, утре, нашите поддржувачи нема да можат да присуствуваат на мечот“, се вели во соопштението на ТФТ.
Ова е срамен чин, бидејќи Работнички одамна е без свој дом. Откако беше протеран од „Кале“ поради неподмирени финансиски обврски се пресели во салата „Независна Македонија“ која е претесна за една полуфинална пресметка.