Ракометарите на Алкалоид тренираа во Олимписката сала (ФОТО)

76

СпортСпорт во Атина, Марија Ковачева

Алкалоид го одработи својот тренинг во Олимписката сала во Атина во пресрет на утрешното историско финале во рамките на ЕХФ ЕвропскиотКуп.

Македонскиот и грчкиот претставник ќе ги вкрстат копјата во првиот дуел од финалниот двомеч во „Сунел Арена“ утре со почетокот од 18:00 часот. Натпреварот ќе биде директно пренесуван на МРТВ.

Засега најавите се дека ќе биде исполнет половина од капацитетот на Арената, што значи некаде околу 4.000 фанови. Момците на Кирил Лазаров се подготвени за пеколна атмосфера, полни трибини за нив не се непознато.

АЕК го има за предност искуството, на другата страна Алкалоид гласи за тим кој секогаш се бори до последниот атом сила без разлика кој е на другата страна на теренот.

 

 

 

ПретходноИграч на Барселона ќе настрадаше за време на прославата на титулата (ВИДЕО)
СледноПолувреме: Брера – Работнички 2:1, Пелистер – Беса 0:2, голеада во Кавадарци, Ѓорѓиевски „удри“ по новиот шампион!