Битолчани не дозволија изненадување: Охрид добро тргна, но застана

75
фото: ГРК Охрид (facebook)

Ракометарите на Е. Пелистер триумфираа со 34:30 на денешното дерби со Охрид и остана на делба на првото место на табелата во Суперлигата заедно со Вардар. Гостите покажаа „заби“, но не успеаја до крај да го изненадат фаворитот на гостински терен.

Охрид одлично тргна, лесно постигнуваше голови, но застана кога требаше да продолжи во ист ритам. Пелистер ја презеде играта и се потруди мечот да оди во сосема поинаков правец.

Филип Кузмановски со 9 гола беше најефикасен на средбата, додека кај Охрид најпрецизен беше Јукиќ со 7 гола.

ПретходноПрекин во Куманово: Домашните навивачи влегоа на терен и нападнаа свој кошаркар, ќе се празни салата (ВИДЕО)
СледноМилев: И во Златната лига сакаме да направиме чекор повеќе