Со триумфот од 31:20 тимот против Струга, тимот на Куманово обезбеди опстанок во овогодинешниот прволигашки шампионат. Тоа значи дека со 13 бодови е безбеден на три кола до крајот на битката за опстанок во Суперлигата.
Од друга страна пак, тимот на Струга, во директониот дуел со тимот на Радовиш ќе мора да се спасува од испаѓање, поточно една од овие две екипи ќе игра бараж со второпласираната екипа од прволигашкиот плеј-оф.
Во релативно изедначен меч Куманово имаше константно контрола на резултатот, и само на момент Струга дојде до егал. Сепак, Куманово на стартот на вториот дел имаа 18:13, по што само рутински го довршија мечот до крај.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Давид Димевски со осум и Хен Џанкарло Фелипе со седум гола, додека кај Струга се истакна Александар Стојков со шест погодоци. Во следното коло, Струга ќе го пречека Радовиш, додека Куманово гостува кај Прилеп.
ФОТО МРК Куманово