Најновата трка од Формула 1 карванот е во својот зенит викендов. На патеката на легендарната Имола, претпладнево се одржа третиот тренинг на кој што издоминира Ландо Норис. Зад него најдобро време постигна Оскар Пјастри.
Норис го постави најбрзото време, завршувајќи го кругот за 1:14.897, додека неговиот колега од тимот, Пјастри заврши втор, само 0.100 секунди зад него. Двајцата беа единствените што отидоа под границата од 1:15 во сесијата.
Светскиот првак Макс Ферстапен заврши како трет. Сите се во очекување секако на официјалните квалификации кои се закажани денеска од 17:00 часот.