Утре од 21:30 часот се игра седмиот и решавачки меч од полуфиналната серија од плеј – офот на западот во НБА, меѓу Денвер и Оклахома. Кој ќе победи оди во финалето на западот, а во пресрет на оваа мајсторка, лоши, ужасни вести за Јокиќ и Нагетси.
Имено Арон Гордон, еден од најдобрите и клучни кошаркари на Денвер е повреден, истегнување на задната ложа, па мали се шансите тој да настапи.
Јасно е дека ако тој се прашува, Гордон ќе игра. Ова е екстремно важен меч за Денвер, но исто така јасно е дека медицинскиот тим веројатно нема да дозволи негов настап, едноставно не сакајќи да ризикува уште потешка повреда.
ФОТО: Денвер Нагетс/ФБ