Со денешните четири средби од 33.коло заврши сезоната 2024/25 во ПМФЛ.
Шкендија и официјално е шампион, Брера обезбеди прволигашки статус и во новата сезона, а Беса ќе игра бараж.
Јасно од поодамна е дека Воска и Гостивар веќе се во најнизок ранг.
Секако дека најинтересно беше на мечевите каде се играше за да се избегне 10. место, односно баражот. Брера со 3:2 го победи Работнички па така струмичани и официјално и во следната сезона ќе играат во елитата, додека Беса славеше со 1:4 кај катастрофалниот Пелистер и со тоа ќе мора да играат бараж.
Во Тетово во славеничка атмосфера, со оглед на тоа дека Шкендија слави титула и ќе им биде предаден пехарот на тетовци, Силекс како гостин славеше со 1:2 со двата гола на Марко Ѓорѓиевски и последниот на Тимовски. Со овие два гола може да се каже дека напаѓачот на кратовци го “расплака“ Бесарт Ибраими во битката за “Златната копачка“. Сега и двајцата имаат по 15 голови и ќе ја поделат титулата – НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ во сезоната.
Во Кавадарци каде се играше само за престиж, Тиквеш и Струга ТЛ одиграа без победник, 3:3.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 33.КОЛО
БРЕРА – РАБОТНИЧКИ 3:2
(Ндзенгуе 15., Велков 28., Ѓорѓиевски (п) 58./Лазаревиќ 32., Николовски 82.)
ПЕЛИСТЕР – БЕСА 1:4
(Тарасенко 63./Алими 14., Селмани 26., Љамалари 49., Али 75.)
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 1:3
(Адеми 68./М. Ѓорѓиевски 35., (п) 39., Тимовски 90+5.)
ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ 3:3
(Стојанов 10., Миловановиќ 22., Михаљевиќ 85./Компаоре 13., Малески 31., 42.)
ВАРДАР – ГОСТИВАР 3:0 (СЛ)
ВОСКА – ШКУПИ 0:3 (СЛ)