Уште кога се повреди Џејсон Тејтум јасно беше дека Бостон нема што да бара во полуфиналната серија во источната конференција со Њујорк. Тоа убаво се виде утринава во “Медисон Сквер Гарден“ каде Никси прот го декласираа шампионот со 119:81 и со тоа ставија крај на серијата до 4:2. По оваа победа Брансон у другарите по 25 години се пласираа во конференциското финале каде ги чека составот на Индијана. Јасно е дека тоа ќе биде голема битка ако се знае дека традицонално овие две екипи има што да си кажат.
Првиот меч од таа серија е во среда.
Колку домашниот состав на Никси беше подобар се виде дека на трибините се славеше уште на полувреме, едноставно овој меч Њујорк не можеша да го загуби.
Интересно, токму Џејлен Брансон имаше само три години кога Никси последен пат играле во источното финале, кој успеа да постигне 23 поени, да има шест скока и исто толку асистенции.
ФОТО: Њујорк Никс/Х