Виљареал го урна новиот шампион и обезбеди ЛШ

105
фото: Villarreal CF (X)

Денес во терминот од 19 часот беа одиграни 10 натпревари од претпоследното коло од шпанската Ла Лига. Најинтересните натпревари се одиграа на „Монжуик“ и на Канарските острови каде Виљареал ја совлада екипата на Барселона со 2:3 и обезбеди пласман во ЛШ следната сезона и екипата на Леганес славеше со 0:1 против Лас Палмас и продолжи да сонува за опстанок во елитата.

На останатите мечеви Реал Мадрид славеше со 0:2 против екипата на Севиља во натпревар во кој Севиља доби два црвени картони, Атлетико победи со 4:1 против Бетис, Рајо Ваљекано ја совлада Селта со 1:2 и се вклучи во трката за ЛЕ, Мајорка загуби од Хетафе со 1:2, Осасуна триумфираше против Еспањол 2:0, Реал Сосиедад славеше против Џирона со 3:2 во натпревар во кој Бојан Миовски повторно не одигра ниту минута, Валенсија загуби од Атлетик Билбао со 0:1 и со истиот резултат Алавес победи против Реал Ваљадолид.

ПретходноФОТО ВЕСТ: Мукаетов со победнички поздрав со ракометарите на Алкалоид
СледноСепак има и џентлмени: Заедничко фото за историја