Денеска со сите осум средби од 30.коло, последно, завршува сезоната 2024/25 во ВМФЛ. По најновата одлука на Комисијата за натпревари на ФФМ за случувањата во Гевгелија, сега се е јасно.
Македонија ЃП и официјално е прволигаш, денешниот меч за “лавовите“ со Беласица ќе биде само за престиж.
Арсими гостува во Неготино кај Вардар. Во случај на победа и дефинитивно ќе испише историја, за првпат ќе се најде во елитата следната сезона. Тимот од Чегране може и со реми и со пораз тоа да го направи, но затоа Башкими не смее денеска да победи на гости кај Брегалница.
И затоа токму во Штип ќе биде најинтересно. Башкими е трет и има 60 бода, Брегалница е четврта во пресрет на последното сезонско коло и има 58 бода. Во случај на победа тогаш “сините“ ќе завршат како трети и ќе играат во баражот за ПМФЛ. Башкими за 2.место и директен пласман во ПМФЛ ќе мора прво да победи во Штип и да чека Арсими да не победи во Неготино. За трето место и бараж му треба победа или реми, додека на Брегалница и треба само победа над Башкими за пласман во баражот.
Што се однесува до долниот дел на табелата, одамна се знае дека Борец и Вардарски се третолигаши, а Осогово ќе игра бараж за опстанок во ВМФЛ.
ДВОЈКИ ЗА 30.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)
Вардар (Н) – Арсими
Македонија ЃП – Беласица
Борец – Охрид
Брегалница – Башкими
Детонит – Победа
Кожув – Новаци
Скопје – Саса
Осогово – Вардарски
ТАБЕЛА
Макдонија ЃП 64, Арсими 62, Башкими 60 (-3), Брегалница 58, Детонит 43, Саса 42, Охрид 42, Беласица 40, Кожув 36, Скопје 36, Новаци 35, Вардар (Н) 33, Победа 32, Осогово 26, Борец 14, Вардарски 11.