Кој ќе ја добие “Златната копачка“? Ѓокереш, Салах или Мбапе!

144

Покрај интересот на фановите за тоа кој тим ќе биде шампион во својата земја, исто така интересно е кој ќе ја добие или кој ќе ја освои „Златната копачка“ за оваа 2024/25 сезона.

Засега во преден план е Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон кој има коефициент 58,5 со 39 постигнати голови. Проблем за него е што вчера заврши сезоната во Португалија.

Шанса да го стигнат имаат и Мохамед Салах и Килијан Мбапе со по 28 голови или коефициент 56, и им треба уште по два гола, а во ПЛ и во Ла Лига се играат уште две кола. Значи ете шанса за напаѓачите на Ливерпул и Реал Мадрид.

Ина познато е дека за да бидеш најдобар стрелец или освојувач на „Златната копачка“ треба да имаш и најголем коефициент. Ете Ѓокереш има 39 голови а Салах и Мбапе би имале по 30 и би биле пред Швеѓанецот и тоа сао поради фактот дека ПЛ и Ла Лига се рангираат со коефициент 2 а првенството на Португалија со 1,5.

Инаку во минатото имаше случаеви за да играч од егзотична фудбалска земја постигне 44 голови и да биде најдобар стрелец. Сега веќе не е така, сега секој шампионат си има свој коефициент за квалитет.

ФОТО: ФЦ Спортинг Лисабон/ФБ

ПретходноВелковски: Не треба да измислуваме многу, најважно е да бидеме свои!
СледноТФТ е на потег, а Работнички со нов тренер посакува да избегне “метла“ во полуфиналната серија!