И дефинитивно Митко Стојковски не е веќе претседател на Пелистер. По катастрофата во последниот меч од сезоната, кога битолчани беа поразени од Беса со 1:4, фановите на клубот имаа што да кажат, и на играчите и на раководството.
По сето тоа Стојковски поднесе оставка, во која покрај другото наведува дека една од причините за таквиот негов потег било непочитувањето кон клубот на тие што требало да го бодрат и во најтешките моменти.
Се разбира дека мисли на навивачите…
Еве што во своето соопштение тој истакна:
“Заминувам од позицијата претседател на клубот и во иднина ќе бидам најголем навивач на Пелистер. Ќе останам само до транзициониот период кога ќе биде назначен новиот претседател. Главната цел според предвидениот буџет – опстанокот и стабилизацијата на клубот во Првата лига ја остваривме. Сепак, втората цел, која е финансиска стабилност на клубот не ја остваривме.
Една од причината за моето заминување е и непочитувањето кон клубот на тие што треба да го бодрат и во најтешките моменти. Му посакувам само успеси на клубот во иднина.“
После ова се чека на реакција на навивачите.