Арсенал на коло пред крајот го освои второто место во Премиер лигата (ВИДЕО)

39
фото: Arsenal / Newcastle (X)

Фудбалерите на Арсенал, едно коло пред крајот на сезоната во англиското првенство, го обезбедија второто место на табелата во Премиер лигата, откако денеска славеа над Њукасл со 1:0.

Англискиот играч од средниот ред, Деклан Рајс, беше човек на одлука, откако ја круниса одличната акција на своите соиграчи на почетокот од второто полувреме, потсетувајќи на моментите на инспирација против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Гостинските фудбалери најблиску до израмнување беа во 83-тата минута кога Вилок шутираше но само крај стативата на голот на Раја.

ПретходноАлкараз ја прекина победничката низа на Синер и го освои Рим
СледноПортите кон пехарот се отворени: Алкалоид од Атина се враќа со четири гола позитива!