ВМФЛ: И официјално Македонија ЃП и Арсими се прволигаши, Башкими ќе игра бараж…ама кумановци…

1006

Со мечевите од 30.коло денеска заврши сезоната 2024/25 во ВМФЛ. Арсими испиша историја, си ја заврши работата сам во Неготино и успеа да победи со 0:4 и со тоа во следната сезона ќе игра во елитата. Секако дека ова е историја за тимот од Чегране.

Секако официјално и Македонија ЃП во следната сезона ќе игра во ПМФЛ, иако денеска одигра само 0:0 со Беласица.

Башкими славеше во Штип кај Брегалница со 0:1, и со тоа го освои третото место и ќе игра бараж. Ама кумановци допрва треба да ги дознаат санкциите од оној скандалозен меч со Кожуф.

Брегалница ја загуби битката за баражот, но сепак да почекаме уште некој ден.

РЕЗУЛТАТИ – 30.КОЛО

Борец – Охрид 4:1

Брегалница – Башкими 0:1

Детонит – Победа 2:2

Скопје – Саса 3:2

Кожуф – Новаци 5:1

Македонија ЃП – Беласица 0:0

Осогово – Вардарски

Вардар (Н) – Арсими 0:4

ПретходноПолувреме: Алкалоид води со два гола во Атина
СледноЛетаат шишиња на теренот во Атина, два прекини во две минути на финалето (ФОТО)