ВМФЛ: Под Исарот ќе се води битка за бараж, Арсими испишува историја

279

Денеска со сите осум средби од 30.коло, последно, завршува сезоната 2024/25 во ВМФЛ. По најновата одлука на Комисијата за натпревари на ФФМ за случувањата во Гевгелија, сега се е јасно.

Македонија ЃП и официјално е прволигаш, денешниот меч за “лавовите“ со Беласица ќе биде само за престиж.

Арсими гостува во Неготино кај Вардар. Во случај на победа и дефинитивно ќе испише историја, за првпат ќе се најде во елитата следната сезона. Тимот од Чегране може и со реми и со пораз тоа да го направи, но затоа Башкими не смее денеска да победи на гости кај Брегалница.

И затоа токму во Штип ќе биде најинтересно. Башкими е трет и има 60 бода, Брегалница е четврта во пресрет на последното сезонско коло и има 58 бода. Во случај на победа тогаш “сините“ ќе завршат како трети и ќе играат во баражот за ПМФЛ. Башкими за 2.место и директен пласман во ПМФЛ ќе мора прво да победи во Штип и да чека Арсими да не победи во Неготино. За трето место и бараж му треба победа или реми, додека на Брегалница и треба само победа над Башкими за пласман во баражот.

Што се однесува до долниот дел на табелата, одамна се знае дека Борец и Вардарски се третолигаши, а Осогово ќе игра бараж за опстанок во ВМФЛ.

ДВОЈКИ ЗА 30.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)

Вардар (Н) – Арсими

Македонија ЃП – Беласица

Борец – Охрид

Брегалница – Башкими

Детонит – Победа

Кожув – Новаци

Скопје – Саса

Осогово – Вардарски

ТАБЕЛА

Макдонија ЃП 64, Арсими 62, Башкими 60 (-3), Брегалница 58, Детонит 43, Саса 42, Охрид 42, Беласица 40, Кожув 36, Скопје 36, Новаци 35, Вардар (Н) 33, Победа 32, Осогово 26, Борец 14, Вардарски 11.

ПретходноИако Барса освои три трофеи: Само двајца се “недопирливи“, сите останати се на продажба, па и Рафиња!
СледноЛазаров: Ова финале може да биде последно во нивните кариери, затоа мора да го зграпчат моментот!