Галевски: Уживање е на 20 години да играш европско финале

185

СпортСпорт во Атина, Марија Ковачева

 

Еден од ракометарите кои оставија посебен белег на првиот финален меч со АЕК во Атина, секако беше младиот 20-годишен голман на Алкалоид и на нашата репрезентација, Иван Галевски. По мечот и тој не го криеше задоволството од победата.

„Мислам дека пресуди нашата психичка подготвеност. Добро се подготвивме и физички, влеговме со ладни глави и тоа донесе до ваков исход. Чувството да се одбранат толку пенали е непроценливо. Ова е уживање. Со 20 години играм европско финале што за мене е чест и задоволство. Имаме тимска хемија, амбиција, желба и дојдовме до ова. Но, ништо не е готово, имаме уште 60 минути за игра во Скопје. Се подготвувам за секој меч, овој не беше исклучок. Анализата кај еден голман е многу важна. Вртењето кон навивачите не беше со лоша намера. Ги поканувам сите да дојдат во сала во недела и да прославиме заедно“, вели популарниот Галец.

ПретходноФото за паметење: МАЕСТРО Галевски ги ШЕКНА Грците!
СледноЏабе срушен рекорд на навивачи кога Алкалоид го сруши АЕК