Дон Карло е во шок: Бразил би можел да биде исфрлен од квалификациите за СП 2026?!

290

Каде ли само дојдов?“…ова е прашањето кое Карло Анчелоти веројатно си го поставува во последните два – три дена. Имено познато е дека после 26 мај Дон Карло ќе ја преземе најтрофејната селекција во светот, но сега има голем проблем. Човекот со кого преговараше за да седне на клупата на репрезентацијата, претседателот на Фудбалската конфедерацијата на Бразил, Едналдо Родригез, е сменет од таа функција. Новото раководство вели дека ќе го почитува договорот и Италијанецот ќе биде селектор, но сменетиот претседател смета дека тој треба и натаму да биде на чело на Конфедерацијата и ете ти сега проблем.

Познато е дека во случај да се случуваат вакви работи, ако ФИФА а кај нас и УЕФА не ти го признава мандатот тогаш фудбалот во твојата земја се соочува со големи проблеми. Можно е селекцијата на Бразил дури да биде и исфрлена од квалификациите за СП 2026.

Звучи по малку лудо, но така е.

Фернандо Сарни, досегашниот потпретседател сега е в.д. претседател со мандат само да организира фер избори и тоа што е можно побрзо.

Родригез се заканува дека ако тој не биде вратен на чело на Конфедерацијата тогаш би можело да се случи следните мечеви против Еквадор и Парагвај, во рамките на квалификациите за СП 2026, со Анчелоти како селектор, Бразил и да не ги игра.

Тоа се проблемите на Дон Карло.

ФОТО: Реал Мадрид ФЦ/ФБ

ПретходноОткако “удри“ по навивачите: Митко Стојковски не е веќе претседател на Пелистер!
СледноФудбалерите на Тиквеш заедно со “Лозари“ за крај на турболентната сезона!