Фудбалерите на Интер пропуштија одлична можност да стигнат до врвот на табелата во Серија А на коло пред крајот на сезоната во италијанското првенство. На домашен терен „нероаѕурите“ испуштија два бода против Лацио ремизирајќи 2:2.
Финалистот од Лигата на шампионите годинава беше свесен дека неговите победи на крајот од сезоната нема да бидат доволни освен ако не „киксне“ и лидерот Наполи, кој пред претпоследното коло имаше повеќе бодови од Интер. Сепак, Наполи вечерва одигра само 0:0 кај Парма и му даде шанса на Интер да се врати на врвот на табелата и сам да си одлучува за титулата во последното коло, но момците на Инзаги не го победија Лацио и сега повторно се еден бод зад Наполи, кој доби нова шанса во последната рунда сам да решава за титулата.
Рома го победи Милан со 3:1и дојде до 5. место на табелата на коло пред крајот на сезоната, заостанувајќи само бод зад четвртопласираниот Јувентус. Ако Рома биде успешна и во последното коло лесно може да се случи следната сезона да игра и во ЛШ.
Јувентус славеше со 2:0 над Удинезе и се задржа на 4. место на табелата, а во битката за опстанок вредни победи и за Лече од 1:0 против Торино (Елмас не играше поради повреда), додека Емполи со 3:1 славеше на гости кај Монца.