Екипата на Македонија Ѓорче Петров и официјално денеска се врати во Првата македонска фудбалска лига. Со ремито на домашен терен против Беласица, Македонија ЃП денеска го финишираше шампионатот како прв на табелата, и од наесен се враќа во прволигашката конкуренција.
„Лавовите“ суверено ја освоија титулата во второлигашката конкуренција, беа лидери во најголемиот дел од сезоната и заслужено одат во ранг погоре.
Денешната атмосфера на стадионот во „Ѓорче Петров“ беше прекрасна, трибините беа полни и повторно се вратија сликите од некои други времиња кога во оваа населба се славеа и шампионски титули но и пласман во Европа.