Лазаров: Ништо не е готово, во реваншот ќе бидеме уште подобри

246

СпортСпорт во Атина, Марија Ковачева

Предводникот на нашиот финалист во ЕХФ Европскиот куп, Кире Лазаров, по натпреварот дадеизјава за самиот тек на мечот. Тој потенцираше дека победата на овој прв меч е добредојдена, но ништо не е готово, затоа што има и реванш во Скопје.

„Одигравме тежок меч против тим со голема традиција и искуство. Ништо не е готово, иако изгледа дека четири гола се солидна позитива. АЕК знаеме дека е добар тим, добро играа се до овој меч, но и ние имаме свои адути. Го респектираме овој тим, со искусни играчи, но ги изненадивме, имаме предност од четири гола. Тоа е голема разлика. Ние мора да бидеме внимателни и претапазливи. Не е решен овој двомеч. Се надевам дека во реваншот ќе бидеме поуспешни, иако знаеме дека нема да биде воопшто лесно“, вели Лазаров.

За победата Лазаров пред се им честита на своите ракометари.

„Како што се договоривме, така одигравме. Бевме мудри, видовте дека не беше воопшто лесно поради притисокот. Голманите беа на ниво, мислам дека сите допринесоа за резултатот да биде ваков. Четири гола е голема разлика, но мора да знаеме дека имавме и 18 одбрани. Да не беше така можеше да биде многу поразлично. Имаме искуство, направивме многу, секако не е се готово и треба да бидеме многу внимателни. на толку работа и труд, сега ни треба малку оддишка. Ќе одмориме еден ден и продолжуваме. Мораме да се подготвиме добро, затоа што и тие ќе сакаат да се докажат пред полна сала Борис Трајковски. Мораме добро да се подготвиме за да не го прокоцкаме она што го направивме против оваа искусна екипа“, заклучи Лазаров.

ПретходноПортите кон пехарот се отворени: Алкалоид од Атина се враќа со четири гола позитива!
СледноФото за паметење: МАЕСТРО Галевски ги ШЕКНА Грците!