Летаат шишиња на теренот во Атина, два прекини во две минути на финалето (ФОТО)

560

Во 40. минута на првиот финален меч од ЕХФ Европскиот куп меѓу АЕК и Алкалоид се случи прекин. Имено од еден дел од трибините полетаа неколку шишиња со вода, по што судиите реагираа и го прекинаа мечот.

Откако се смирија страстите мечот продолжи, но по уште една интервенција на Галевски, незадоволните домашни навивачи продолжија да фрлаат шишиња кон клупата на Алкалоид. дури и Кире Лазаров појде да се обиде да ги смири навивачите за мечот да може да продолжи.

 

ПретходноВМФЛ: И официјално Македонија ЃП и Арсими се прволигаши, Башкими ќе игра бараж…ама кумановци…
СледноАлкараз ја прекина победничката низа на Синер и го освои Рим