Олимписката сала речиси полна, Алкалоид ќе игра пред „пеколна“ атмосфера

53

СпортСпорт во Атина, Марија Ковачева

Екипата на Алкалоид за кратко време го почнува своето прво исторски финале во ЕХФ Европскиот Куп. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија е гостин на АЕК во Олимписката сала „Сунел Арена“ која речиси е исполнета, сигурно има околу 6.000 фанови.

Кирил Лазаров и неговите избраници ќе играат пред полни трибини и „пеколна“ атмосфера, на еден дел од Арената се страствените фанови на грчкиот тим.

Но, ваката атмосфера пак не е непозната за Алкалоид, кој дел од домашните мечеви на гостински терен ги игра пред полни трибини. Пред мечот ракометарите најавија дека полните трибини ќе бидат мотив, а едно финале заслужува да се игра пред многу гледачи.

ПретходноТомовски фантастичен, ама не можеше сам против Кил!