СпортСпорт во Атина, Марија Ковачева
Алкалоид го игра првото историско финале, после 30. минути на жешкиот терен во Атина против АЕК резултатот е 14-16. Ова е прва средба во битката за пехар во ЕХФ Европскиот Куп.
Противникот има максимална поддршка на оваа средба, првото финале се игра пред речиси полни трибини во олимписката сала „Сунел Арена“.
АЕК отвори со два гола во воедните минути, но Алкалоид не дозволи противникот да го наметне својот стил на игра, со серија од 3-0 и цврста одбрана, одговори за 2-3 во шестата минута. Во 10-тата минута, македонскиот тим при 4-5 не искористи шанса да поведе со два гол по одбрана на Кизиќ. Младите момци на Лазаров добро се носеа со притисокот, водството се менуваше постојано. На средината на првото полувреме беше плус еден за Алкалоид (8-9).
По последните 10-11 за тимот од Автокоманда, АЕК зеде сила, нешто подоцна успеа да ги казни неколкуте грешки на македонскиот клуб и дојде на плус два 14-12 во 24 минута. Лазаров повика тајм-аут, им даде насоки на своите играчи. Противникот не искористи неколку напади, на другата страна Серафимов од седум метри, Петковски, Маркоски и Да Силва ги донесоа највисоките плус два 14-16. Алкалоид не искористи шанса да поведе и со најмалку три гола на одморот.
Серафимов и Бинго со по три гола беа најефикасни кај Алкалоид, додека кај екипата на АЕК по три гола постигнаа Гараин и Туре.