После 133 години: Евертон денеска се простува од култниот “Гудисон“! (ФОТО)

79

И дефинитивно е јасно дека фудбалот во Англија е нешто посебно. Таму се навива за својот локален клуб, па макар тоа бил и некој нисколигаш. Таму љубовта кон клубот се пренесува со генерации, од татко на син и понатаму, таму клубот за кого навиваш е светост.

И кога после 133 години твојот клуб ќе мора да се прости од твојот омилен стадион, тогаш емоциите се на најголемо. Тоа денеска ќе им се случи на сите фанови на Евертон кои за последен пат ќе го гледаат својот тим во “сино“ од трибините на “Гудисон“ во Ливерпул, и тоа на средбата со Саутемптон во меч од 37.коло во ПЛ.

Од денеска овој култен стадион, со историја и традиција долга 133 години, заминува во историја. Изграден во 1892 година, јасно во неколку наврати реновиран, овој стадион на “карамелите“ секогаш имаше свој шарм.

Од утре Евертон се сели на својот нов стадион, но секако дека ќе ја пренесе таму и дел од душата на стариот “Гудисон“.

ФОТО: ФЦ Евертон/ФБ

ПретходноКалин против Пољичак од Хрватска на стартот на Челинџерот во Скопје
СледноИако Барса освои три трофеи: Само двајца се “недопирливи“, сите останати се на продажба, па и Рафиња!