Во непристојното однесување на најверните фанови на АЕК, кои со шишиња води фрлаа кон клупата на Алкалоид, имаше и такви кои и пред натпреварот во спортска и фер атмосфера се дружеа и ги поздравија нашите навивачи.
Алкалоид од Атина си оди со четири гола разлика пред реваншот во Скопје кој е закажан за 25 мај во СЦ Борис Трајковски. Влезниците за овој финален меч во рамките на ЕХФ Европскиот Куп ќе бидат пуштени во продажба веќе утре.
Алкалоид е на пат до историја да го освои првиот европски пехар.