Македонскиот репрезентативец Алекснадар Трајковски со гол го реши големото дерби во хрватскиот шампионат меѓу Хајдук и Ријека кое можеше да го реши и прашањето за новиот хрватски шампион.
Фудбалерите на Хајдук ја победија Риека со 2:1 во јадранското дерби на „Пољуд“ во рамките на 35-то коло од хрватскиот шампионат, со голот на Трајковски во завршницата од мечот. Хајдук поведе во 12-тата минута со голот на Марко Ливаја од пенал, додека Риека израмни во 73-тата минута преку Дује Чоп.
Со оваа победа, Хајдук остана во трката за титулата, која ќе се реши во последното коло. Моментално се Хадук е трет со 60 бода, два помалку од Динамо и Риека.
ALEKSANDAR TRAJKOVSKI MAKES IT 2-1!!!#HNL #HAJRJKpic.twitter.com/f09iEN3d3f
— Croatian Football (@CroatiaFooty) May 18, 2025