Фото за паметење: МАЕСТРО Галевски ги ШЕКНА Грците!

754

СпортСпорт во Атина, Марија Ковачева

Уф, каков фантастичен меч на Алкалод во Атина во првото „полувреме“ од финалето во ЕХФ Европскиот Куп. Победа од 25:29 и одлична залиха пред реваншот во Скопје.

Секоја чест за сите момци во тимот и тренерот Кире Лазаров, но сепак меч за паметење одигра голманот Иван Галевски кој просто ги ШЕКНА Грците, ги расплака ГРЦИТЕ со 9 одбрани од кои пет за седум метри. Ракометарите на АЕК му шутираа шест пати од седум метри а Галевски одбрани пет.

Зарем треба нешто повеќе да се кажува за овој голман кој има само 20 години.

Македонија добива НОВ БИСЕР од голман.

No description available.

И во негов стил, после одбраната на еден од тие пенали, тој се сврте кон фановите на АЕК како да сакаше да каже, ДА, ЕВЕ ЕДЕН МАКЕДОНЕЦ ШТО МОЖЕ ДА НАПРАВИ.

Ова не е ништо ново од нашиот БИСЕР, само да се потсетиме што направи во Норвешка во полуфиналето кога одбрани три пенали во продолжението и спречи во регуларен дел тие да се пласираат во финалето.

БРАВО ИВАН, БРАВО МОМЧЕ МАКЕДОНЧЕ

ПретходноЛазаров: Ништо не е готово, во реваншот ќе бидеме уште подобри
СледноГалевски: Уживање е на 20 години да играш европско финале