Фудбалерите на Тиквеш заедно со “Лозари“ за крај на турболентната сезона!

208

Во минатата сезона беа хит, го освоија и Купот на Македонија, играа и во Европа, но во оваа која вчера заврши едвај изборија опстанок во елитата. Сепак најважно за кавадаречки Тиквеш е што и во следната сезона ќе игра во елитата, впрочем таму каде што и му е местото.

Јасно е дека можеше подобро, но генерално целта е остварена, посебно ако се знае што се случуваше до пред некои 5-6 кола, каде беше тогаш Тиквеш на табелата и какви шанси му се даваа на тимот во битката за опстанок. И дефинитивно сезоната беше повеќе од турболентна.

Па така вчера, по онаа голеада со Струга ТЛ од 3:3, фудбалерите, стручниот штаб на чело со стратегот Ѓорѓи Мојсов направија заедничко фото со своите верни фанови “Лозари“ со надеж дека во следната сезона ќе биде многу подобро.

ПретходноДон Карло е во шок: Бразил би можел да биде исфрлен од квалификациите за СП 2026?!
СледноПатот по кој Алкалоид чекореше до европско финале