В среда на 21. мај со почеток од 20:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје ќе се одигра овогодинешното Куп финале од домашниот фудбалски шампионат. Учесници на истото се екипите на Вардар и Струга Трим Лум.
Па така, во пресрет на истото, Фудбалската Федерација на Македонија во насока на што подобра организација, и спроведување на овој настан денеска стартуваше со кампања под мотото, Говорот на омраза нема место во фудбалот.
Капитените на повеќе прволигаши учевствуваат во истата и ја пренесуваат пораката која е моќна и која со оглед на сите ситуации кои се појавија периодов на нашите стадиони е неопходна очигледно.