„Шумарите“ славеа кај Вест Хем за лудило во битката за пласман во ЛШ!

70

Голема, екстра победа на Нотингем Форест на гостувањето кај Вест Хем со 1:2 во меч од 37.коло во Премиерлигата. Стрелци на победничките голови беа Гибс-Вајт во 11.минута и Миленковиќ во 61.минута, додека стрелец на голот за домашните беше Боувен во 86.минута за конечни 1:2.

Со овие три бода сега Нотингем и тоа како се враќа во игра во ЛШ.

Во последното коло ќе биде лудило за тие три преостанати места. Њукасл, Челзи, Астон Вила, Манчестер Сити и Нотингем. За две од овие три тима нема место во ЛШ.

На останатите три меча во попладневниот термин Лестер го победи Ипсвич со 2:0, додека Фулам како гостин славеше со 2:3 кај Брентфорд.

ФОТО: ФЦ Нотингам Форест/ФБ

ПретходноОлимписката сала речиси полна, Алкалоид ќе игра пред „пеколна“ атмосфера
СледноКовачевиќ: „Подготвени сме за убави работи“