Џабе срушен рекорд на навивачи кога Алкалоид го сруши АЕК

303

СпортСпорт во Атина, Марија Ковачева

 

Првиот финален меч од  ЕХФ Европскиот Куп кој Алкалоид вечерва го доби против АЕК во Атина беше најгледаниот ракометен дуел во историјата на Грција. Во Олимписката сала во Атина денеска се собраа 7300 навивачи на АЕК кои френетично го бодреа домаќинот, на моменти и надвор од дозволеното.

Создадоа „жешка“ атмосфера која на момците на Лазаров ама не само што не им пречеше туку ги мотивираше на максимум. Токму поради тоа дома си доаѓаат со четири гола предност, и историска шанса за трофеј на европска сцена.

На домаќинот пак ќе му остане само споменот од овој дуел дека собрал најмногу ракоменти љубители, 7400, триста повеќе од дуелот на Олимпијакос, кој што до овој дуел го држел рекордот за најгледан ракометен меч.

 

ПретходноГалевски: Уживање е на 20 години да играш европско финале
СледноМукаетов: Ми ја наполнивте душата и мене и на цела Македонија