Ангели следната сезона ќе играат во кошаркарската елита

92
фото: КФСМ

Екипата на Ангели наредната натпреварувачка сезона ќе биде дел од Првата лига-мажи. Во третиот и решавачки натпревар од полуфиналното доигрување Ангели излезгоа како победник, со (2-1, во победи) во серијата против екипата на Соколи 1933 од Штип.

АНГЕЛИ – СОКОЛИ 1933         82:70 (2-1)

Ибраими беше стрелец на 21.поен за Ангели, Стојанов имаше 17, а  капитенот Стојаноски реализираше 14.поени. Кај гостите, Костадинов финишираше со 22.поени, Тодороски имаше два помалку, а капитенот Караколев заврши со 12.поени.

Претходно, нов прволигаш стана екипата на Маџари, која во втората полуфинална серија беше подобра од МЗТ Скопје Уни Банка.

Овие две екипи ќе се борат за победничкиот пехар во Втората лига-мажи. Поразените од овие две серии, МЗТ Скопје Уни Банка и Соколи 1933 ќе разигруваат за третото место во оваа второлигашка конкуренција за оваа натпреварувачка сезона.

ПретходноОвие момци Македонци заслужуваат европска шампионска прослава (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноПетковски: Знаевме дека ќе направат се за да го променат темпото, но бевме подготвени