Велковски: Не треба да измислуваме многу, најважно е да бидеме свои!

66

СпортСпорт во Атина, Марија Ковачева

Алкалоид денеска ја почнува битката за првиот европски пехар во својата историја. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија е гостин на АЕК во првиот финален натпревар во рамките на ЕХФ Европскиот Куп. Дуелот се игра во Олимписката сала „Сунел Арена“ со почеток во 18 часот по македонско време.

Кирил Лазаров и неговите избраници на патот до финале ги красеше лавовска битка, изградија посебен систем на игра, кој беше тежок и за Скандинавците. Сега ги чека нов голем предизвик.

Сите во тимот се свесни дека АЕК ќе биде поинаква приказна, особено што има долга клупа и странски ракометари. Очекуваат тежок дуел, но се надеваат на добар резултат пред реваншот во Скопје.

„АЕК е квалитетна екипа која претежно е составена од странски игрчи од Франција и Португалија. Нашиот концепт е поинаков, ние со домашни играчи пробуваме да испишеме историја за клубот и за Македонија. Знаеме каква атмосфера имаат на сите натпревари, но ние сме навикнати од нашето домашно првенство да играме во такви услови, па токму тоа ќе биде мотив плус. Убаво е што одлучија да играат во поголема сала, се надевам дека ќе биде полна и ќе биде одличен натпревар. Во секој случај ќе биде тежок меч, неблагодарно е да се типува, се надеваме на што подобар резултат за реваншот во Скопје“, ни изјави пред мечот Мартин Велковски, кој вели дека мора да го гаат својот стил на игра и против АЕК, нешто што ги красеше во изминатиот период.

„Не треба да измислуваме многу, најважно е да бидеме свои. На сите претходни мечеви го гаевме својот стил на игра без да се адаптираме на противникот“.

Натпреварот меѓу АЕК и Алкалоид ќе биде директно пренесуван на МРТ.

ПретходноОд вчера Работнички е без тренер, Станиќ отсега само предводник на У-21 селекцијата на Македонија!
СледноКој ќе ја добие “Златната копачка“? Ѓокереш, Салах или Мбапе!