Иако Барса освои три трофеи: Само двајца се “недопирливи“, сите останати се на продажба, па и Рафиња!

697

Иако сезоната речиси е перфектна, остана само голема тага по онаа несреќна елиминација од Интер во ЛШ во тој епски двомеч, сепак раководството на Барселона има намера дел од играчите од сегашниот состав да ги продаде. Јасна е намерата, Барса сака да се засили, за тоа е свесен и самиот стратег Ханси Флик.

Сепак ако се знае дека финансиската ситуација во клубот и не е така идеална, Барса мора прво да проддава за да потоа купи она што и недостига.

Па така медиумите во Каталонија и Шпанија, пренесуваат дека освен Јамал и Педри, сите останати играчи, па дури и Рафиња, се на продажба. Тоа значи дека ако дојде добра понуда за било кого, тој ќе биде продаден. “Недопирливи“ се само двајца, Јамал и Педри.

ФОТО: ФЦ Барселона/Х

ПретходноПосле 133 години: Евертон денеска се простува од култниот “Гудисон“! (ФОТО)
СледноВМФЛ: Под Исарот ќе се води битка за бараж, Арсими испишува историја