Екипата на Е.Пелистер предмалку се пофали дека од сега натаму ќе биде посилна за интернационалецот од Тунис и еден од најквалитетните млади ракометари на оваа афричка земја, Мохамед Азис Бен Мафуд.
Тунижанецот игра на позицијата лев бек и е висок 195 сантиметри.
Мафуд има 21 година и доаѓа во Македонија од Клуб Американ од Тунис. Последната сезона ја мина на позајмица во Грмда.
Мафуд веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков во Првата лига. Неговото официјално претставување е предвидено следната недела во Битола.
ФОТО Eurofarm Pelister Instagram
View this post on Instagram