Калин против Пољичак од Хрватска на стартот на Челинџерот во Скопје

45

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски во првото коло на ATP Challenger 75 турнирот Macedonian Open 2025 ќе игра против осмиот носител Мили Пољичак од Хрватска, кој е осми носител на турнирот. За Ивановски ова ќе биде втор настап на Челинџер турнирот во Скопје. Првиот настап го имаше во 2023 година, а лани поради повреда го пропушти турнирот.

Прв носител на турнирот е Хуго Делиен од Боливија, кој е рангиран на 103.то место на АТП листата и во првото коло ќе игра против тенисер од квалификациите. Тој според својот ранг има обезбедено и настап на Грен Слем турнирот Ролан Гарос.

Меѓу учесниците е и ланскиот победник Жоел Шварцлер од Австрија, кој во првата рунда ќе игра против Гонзало Буено од Перу.

На турнирот ќе учествуваат и двајца тенисери кои оваа недела триумфираа на Челинџер турнир: Дино Прижмиќ од Хрватска го освои турнирот во Загреб, додека Унгарецот Жомбор Пирош од Унгарија, кој го освои турнирот во Тунис.

Мечевите од првото коло ќе стартуваат во понеделник.

Турнирот се игра за награден фонд од 100.000 долари.

ПретходноПатот по кој Алкалоид чекореше до европско финале
СледноПосле 133 години: Евертон денеска се простува од култниот “Гудисон“! (ФОТО)