СпортСпорт во Атина, Марија Ковачева
Во пресрет на првиот дуел од финалниот двомеч во ЕХФ Европскиот Куп, познат е составот на нашиот тим. Стратегот на Алкалоид, Кирил Лазаров ги пријави оние очекувани 16 ракометари за мечот кој започнува во 18 часот во „Сунел Арената“ во Атина, нема никакви изненадувања. Се она што е најдобро во моментов, е ставено на располагање од играчкиот кадар.
Овие 16 момци јасно е дека ќе го дадат својот максимум со цел да се дојде до што подобар резултат, за да на реваншот во Скопје следната недела со помош на домашната публика шансите за прв европски трофеј бидат што поголеми.
ФОТО: РК Алкалоид/ФБ