Томовски фантастичен, ама не можеше сам против Кил!

69

И дефинитивно Мартин Томовски е во страшна, во фантастична форма. Едноставно нашиот репрезентативен голман блеска и во дресот на Потсдам. Па така денеска на меч од 30.коло во рамките на Бундеслигата, Томовски блескаше против гигантот Кил. Македонецот забележа 13 одбрани, но сепак не можеше сам против големиот фаворит па така Потсдам беше поразен на свој терен со резултат 22:25.

Јасно дека Мартин Томовски беше убедливо најдобриот играч во домашниот состав.

По фантастичното издание на голот на репрезентација на Македонија на двата меча со Естонија и Литванија, следуваше одличен настап и против Рајн Некар Левен, а еве денеска блескаше и против Кил.

ПретходноЕврогол на Несторовски против Горица (ВИДЕО)
СледноОлимписката сала речиси полна, Алкалоид ќе игра пред „пеколна“ атмосфера