Радоста од големата победа во Атина беше забележлива и во соблекувалната на Алкалоид по завршувањето на натпреварот. Првиот човек на клубот, Живко Мукаетов, лично им честиташе на ракометарите и стручниот штаб, и заеднички посакаа уште подобра партија во Скопје и потврда на квалитетот за прв голем европски трофеј.