Гатузо: Му должам извинување на Трајковски бидејќи не играше повеќе

558

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски вчера постигна победнички гол за Хајдук на мечот со Ријека за 2:1, а тренерот на сплиќани по средбата јавно му се извини за то ашто оваа сезона му даваше мала минутажа.

„Тој го заслужи ова“, рече тренерот на Хајдук, Џенаро Гатузо, за кого македонскиот напаѓач беше спореден играч во поголемиот дел од сезоната.

„Кога го постигна голот, лесно можеше да ме испрати „таму“ со оглед на тоа што не игра многу. Тој имаше проблеми со повреди. Како тренер, морам да му се заблагодарам. Тој е секогаш во добро расположение. Немав никакви проблеми со него“, вели Гатузо.

ПретходноИмаше ли Денвер тим за титула: Јокиќ вели НЕ, Мареј – ДА
СледноЗаслужуваат полна сала: Од денеска во продажба билетите за мечот меѓу Алкалоид и АЕК